Покрај Аделина Тахири, најпозната албанска пејачка од Македонија е секако Алтуна Сејдиу – Туна. Впрочем таа беше и една од првите Албанки кои запејаа на македонски иако последниве години се што сработи и испеа е на нејзиниот мајчин јазик, а Косово и Албанија некако како да и се многу поинтерсни пазари за музичката кариера.
Инстаграмот и социјалните мрежи воопшто, како и мноштвото јавни и естрадни личности обилно и вешто ги користи и за секојдневен контак со своите следбеници и фанови, но и за инфлуенсерски активности.
Како и да е и покрај бројните обврски, Туна наоѓа време и за одмор и релаксација, а своите верни обожаватели на социјалните мрежи ги информира и чести со бројни фотографии, од кои неретко и оние „жешките и скокотливи“ за бројните „влажни машки погледи“.
View this post on Instagram
Така, шармантната пејачка овој пат на Инстаграм објави видео од плажа на кое танцува во костим за капење со кое ги воодушеви сите. Облечена во мини бикини Туна покажа дека е во топ форма, па следуваа голем број лајкови и коментари.
Со коктел во рацете, пејачката ги покажа сите свои телесни убавини кои ја красат и покрај тоа што два пати се остварила како мајка, на две дечиња Тиан и Зен. Имено, оваа 37 годишна убавица и по двете бремености изгледа неодоливо заводливо, атрактивно, привлечно и секси…
Нејзините обожаватели, особено оние од посилниот пол, редовно остануваат „возбудено воодушевени“ од нејзините разголени фотографии.
Дека е тоа така потврдува и најновата фотосесија во која Туна ја покажува сета своја раскошна телесна чудесија… До душа рекламна, ама производителот на една познат бренд за сладолед не случајно ја одбрал токму русокосата убавица во едноделен костим за капење да покаже како се разладува и засладува со еден од неговите производи… Овој пат „на стапче“.
Можете само да замислите колку Туна визуелно ќе ве освежи кога ќе дојде на ред оној во корнет, по овој „на стапче“. И од овие нејзини пози „боли глава“, ама тогаш, веројатно ќе ви треба и апче!
Или барем еден гриз од нејзиниот сладолед, ем да се засладите, ем „жешката глава“ – да ја оладите!
Фото: Инстаграм/tunasejdi