Претходната сезона на реалното шоу „Задруга“ ги сруши сите рекорди и беше едно од најгледаните ТВ шоуа.
Во новата сезона „Задруга2“ учествуваше и скопјанката Елеонора Миљковиќ која не остана долго време во друштвото на „задругари“.
Во интервју за „Ексклузив“ таа проговори и откри какво било учеството во едно шоу каде постојано сте пред камери.
Таа истакна дека го напуштила шоуто бидејќи така гласала публиката, но, таа правела се за да може што побргу да излезе.
„Јас дејствував да го добијам тоа што го сакам. Последните месец дена не бев активна во сите активности за да излезам од таа куќа каде што имаше негативна енергија“ вели Елеонора.
Таа истакна дека било тешко и напорно да се живее во едно реално шоу.
„Сите мислат дека нашата работа е да лежиме, да одмараме, да се караме. Така ми изгледаше мене кога бев надвор, но кога влегов сфатив дека задругарите имаат обврски. Еден состанок кој го гледате на малите екрани трае четири часа, ние 4 часа треба да бидеме концентрирани, да го кажеме нашето мислење за некоја ситуација“вели Миљковиќ.
View this post on Instagram
Во една прилика додека блогерката беше во „Задруга“ влезе и бившото момче на Луна, Слоба Радовановиќ.
Тогаш настана конфликт бидејќи Слоба и намигнувал на Елеонора.
„Јас бев нападната од нејзина страна затоа што нејзиниот поранешен дечко мене ми намигнуваше. Да искоментирав дека е симпатичен, има некоја позитивна енергија, а мене тоа ми е поважно од убавината“.
Миљковиќ исто така изјави дека на Луна и било голема грешка што повторно влегла во реално шоу и дека уште не го преболела она што и се случило во претходната сезона.
„Девојчето психички не е добро. Пие некои лекарства. Таму има многу задругари кои пијат антидепресиви“ вели македонската учесничка во „Задруга“.
Македонката која беше само неколку месеци во „Задруга“ објасни дека се што се случува таму е реално и дека не е смислено сценарио.