Радио Милева и покрај се' си замина среќен

Скандалозно влезе, а така и си замина: Адам Лабунски е последниот исфрлен од „Задруга“, а на заминување за поздрав го плукнаа во грб (видео)

Скандалозно влезе, а така и си замина: Адам Лабунски е последниот исфрлен од „Задруга“, а на заминување за поздрав го плукнаа во грб (видео)

Македонскиот пејач Адам Лабунски по шест месеци во реалното шоу „Задруга“ го напушти имотот како последниот натпреварувач кој е елиминиран. Лабунски влезе скандалозно, а така и излезе, иако заминувањето го помина далеку полесно од она што го доживеа на почетокот.

Адам Лабунски беше исфрлен од Белата куќа бидејќи во дуелот загуби од Марк ДНК.

Нивната задача беше да ги фрлат шишињата кои биле на масата, а победник бил натпреварувачот кој ќе врати најмногу шишиња во првобитната положба. Во играта немаше победник, бидејќи ниту еден од натпреварувачите не успеа успешно да ја заврши задачата.

Водителот Марко Ѓедовиќ им открил на задругарите дека Лабунски заминува од Белата куќа, а цимерите се простија од него.

– Ако има свадба, ќе те поканиме да пееш – му кажа на заминување Миљана Кулиќ.

Сепак, ништо не помина така мазно, па при заминувањето на Адам, дојде до скандал. Додека пејачот се поздравувал со цимерите, двајца учесници го плукнале по грбот, што подоцна тоа го откри Миљан Врачевиќ.

Тој дознал дека Иван Маринковиќ и Валентина Станковиќ го плукнале грбот Адам кога тој ја напуштал „Задруга“.

„Кој рече дека сум плукнал по Адам Лабунски“, прашала Валентина, на што Миљан и рекол: „Не, реков за Иван Маринковиќ“.

„Што направи?“, се вмеша Ѕвездан, а Ана одговори: „Ѕвездан, плукна по Лабунски“.

“Јас не сум направил ништо, драга моја. Дали си нормална? Што зборуваш? Ти рече пред малку дека не знам кој е по ѓаволите”, се оправда Валентина, но Миљан продолжи: ” Кој те убеди”.

По излегувањето од студиото, Адам рече:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Labunski (@adamlabunski)

“Се’ ми беше преку глава. Отидов полн ентузијазам, моите очекувања беа поголеми. Но, она што се случи на почетокот… Јас сум искрен човек, не можам да се преправам. Очекував дека нешто ќе ми се случи. Луѓето веднаш создадоа непријателство поради мојата автентичност. Она што сум однадвор, го покажав и одвнатре“, изјави Лабунски пред камери, а подоцна се вклучи во живо на својот Инстаграм профил каде со ракија наздрави за слободата и повторно раскажа како го доживеал ова шестмесечно искуство во популарното шоу.

фото:Јутјуб принтскрин/ Задруга ТВ Пинк

To top