Бојана Родиќ, идната снаа на пејачката Гоца Божиновска, на својот Инстаграм профил се пофали со прославата на забавата по повод роденденот на нејзината постара сестра Наташа Родиќ.
Тие организираа голема журка со музика во живо и бројни изненадувања за славеничката , и покрај мерките среде пандемијата на коронавирус.
Салата, која беше богато украсена како дел од прославата, беше преполна со гости кои, судејќи според снимките лудо се забавувале и покрај тоа што мерките во Србија се далеку од тоа.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/tenj-3.jpg)
Иако целата планета е во борба против пандемијата, тоа не ги спречи Родиќ да ги игнорираат мерките донесени од Владата на Република Србија.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/enjlj.jpg)
Токму ваквото неразумно односување, насекаде е причина за најголемо ширење на заразата.