Три години по сообраќајната несреќа во Германија во која недалеку од градот Билефелд загинаа фолк легендата Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ, во Гитерсло се одржа судењето на Турчинот Алсин Левент кој беше виновникот што ја предизвика оваа трагедија.
Во судот и во Гетерслоу беше донесена експресна, но скандалозна пресуда, а Алсин беше осуден на едвај три години и 3 месеци затвор. На судењето присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот на починатиот Мирсад Кериќ.
Да потсетиме, бранителот на обвинетиот Левент А. истакна дека неговиот штитеник знаел дека нема оправдување или олеснување за овој чин. Обвинетиот ја прифатил одговорноста и признал се’.
Во еден момент, како што пренесува Дојче Веле, синот на жртвата Мирсад Кериќ вербално го нападнал обвинетиот, но и неговиот адвокат. Според ДВ, се слушале пцовки и недолични зборови. После тоа, обвинетиот накратко им се обратил на семејствата на жртвите со зборовите: „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“.
Фото: Драгана Удовичиќ, Принтскрин/DW