Од неодамна дело од македонските медиуми, меѓу првите и Вистина.ком.мк, како и нашите соработници од најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ ја разработија темата за Онлифанс – платформата за возрасни, која најчесто ја користат анонимни или познати модели и инфлуенсери, но и други помалку или повеќе познати личности меѓу кои и музички артисти, со тоа што на неа објавуваат експлицитни содржини со нивни автентични фотографии. Времињата се такви какви што се – се’ потешки… Животот станува се’ поскап, трошоците се’ повисоки, стандардот се’ понизок, а можностите за зароботка речиси никакви.
Токму тоа е причината зошто дел од нив се одлучуваат на овој чекор. На ова тема, новинарската екипа на „магазинот од зад сцената“ реши да поразговара со македонската (т)раперка Дијана ОГ, првиот музички артист кај нас кој отвори свој профил на споменатата страница. Зошто се решила да го отвори, но и колкава е нејзината заработка од „скокотливите“ содржини што ги споделува на својата „Онли фанс“ страница беа дел од прашањата за Дијана ОГ?
Претходно, познатите одговараа на прашањето: Дали Онлифенс го сметаат за легална проституција, па на прашањето дали ваквиот начин на заработка можеби не е еден вид нешто слично, следувала бурна реакција на пејачката, која станала, револтирана го напуштила интервјуто и си заминала!
Медиумите и новинарите се тука за да поставуваат прашања, а јавните личности треба да се навикнат дека не се тука само за фалење и комплименти, туку мора да бидат подготвени и на она што понекогаш ги погаѓа и како прашање или констатација не им се допаѓа. Дијана, а со тоа и продукцијата која стои зад неа, со нејзината постапка покажала дека се’ уште не знае и не е „зрела“ за шоубизнис, иако со оглед на нејзините години можеби треба и да и се прости, но и да сфати дека е време да научи да се носи со професијата, со која самата избрала да се занимава! Однесувањето кон новинарите и воопшто односот кон медиумите, особено пред камера, е важна работа како за личноста, така и за нејзината кариера.
Без оглед дали коментарот, написот, рецензијата или новинарското прашање понекогаш (не) ви се допаѓа… Умешноста на вашиот одговор е она, со што на „незгодното прашање“ другиот „ќе го спуштите на земја“ или „седнете во скутот“, а никако со „кукавичко“ бегање од интервјуто!
Но, што всушност се случило, што тоа Дијана – Оу-Џи „ја извади од папучи“ за така изнервирана лутито да стане и замине, прекинувајќи го интервјуто, погледнете во видеото на „Бекстејџ“ во продолжение: