Јелена Карлеуша, наводно, имала расправија со раперите од дуото Буба Џала на летот од Цирих кон Белград.
Во неделата наутро, пејачката и рап дуото се враќале од Швајцарија со истиот авион. Карлеуша и рап дуото со години се во кавга, па не само што „попреку“ се гледаат, туку честопати знаат да се „почетат“ и со сочни навреди.
Имено, според очевидци, Карлеуша и дуото случајно имале седишта едни до други во авионот.
Карлеуш прва влегла во авионот и се сместила на своето место, а набргу потоа влегле и Буба и Јала со менаџерите. Околностите биле такви што тие имале седишта едни до други. Кога Карлеуша сфатила дека ќе седи до нив целиот лет, ја повикала стјуардесата и побарала да биде преместена. Таа дословно и рекла: „Госпоѓо, ве молам, да ме преместите подалеку од овие чудовишта“ – раскажува изворот, кој вели:
„Стјуардесата се сврте да види кои од местата што ги има се слободни и каде може да ја премести Карлеуша, а потоа Буба возврати: ‘Ставете ја таму, напред. Бабите секогаш седат на предните седишта’. Јала во свој стил додаде: ‘Ние сме кавалјери, постарата дама нека седне напред’. Понатамошна кавга беше прекината од стјуардесата која рече дека сите патници се подеднакво важни“ – тврди очевидецот.
Војната помеѓу Јелена Карлеуша и Буба Корели започна кога тој им се обрати на фановите со видео-порака, откако беше запрашан зошто тој и Јала не снимаат дует со Карлеуша.
„Јелена Карлеуша никогаш нема да сними дует со нас затоа што е премногу стара. Таа може да снима само реклама за пелени за возрасни. Ние сме премногу млади и успешни за неа“ – изјави тогаш раперот со што го запали фитилот на бомбата која потоа пукна.