Летовите преку „големата бара“ до Балканот и станаа секојдневие на македонската пејачка Ања Ветерова.
Неодамна беше во Белград каде ја промовираше новата песна на српски јазик „За петама“, а сега веќе е во Бостон на престижниот Беркли каде студира музика.
Деновите тамошните студенти го имаа своето завршно шоу на колеџот, а улогата на Ања беше Бијонсе на нејзин начин, како вокално, така и визуелно.
View this post on Instagram
Периодов таа објавуваше доста фотографии од пробите преку кои информираше дека се подготвува шоу каде таа настапи со песни и сценска короеографија од светски познатата музичка ѕвезда.
Во концертниот костим нашата Ања изгледа мошне секси и заводливо, а за истиот се заблагодари на дизајнерот кој го изработил за неа.
Иако е поситна во облините од Бијонсе, наша Ања доволно бујна, разиграна и подговтвена… Или што би рекле: „Ситна“ ама динамитна, таа целосно влезе во улогата на светската ар ен би дива! И на концертната премиерата и на нејзината реприза!
View this post on Instagram
Со Berklee Beyonce Ensemble таа пред неколку дена (15.04.2022) го имаше свечениот настап, каде го презентираа она што го имаа сработено во изминатиот период, и токму тој настап го проследи и мајката на Бијонсе. За ова Ања ги извести своите следбеници на Инстаграм, не криејќи дека ова за неа е остварување на сон.
„Ова е буквално остварување на мојот сон. Мајката на кралицата го гледа мојот настап. Ви благодарам г-ѓо Тина“ – напиша Ања покрај видеото на кое се гледа реакцијата на мајката на Бијонсе за настапот на македнската пејачка.
View this post on Instagram
фото:Инстаграм/ања ветерова