Радио Милева татина галеница

Сите тајни на ќерката на Здравко Чолиќ: Уна учи во најскапата гимназија, возач ја вози на училиште, руча и спие во најлуксузни ресторани и хотели и има момче од Германија (ФОТО)

Сите тајни на ќерката на Здравко Чолиќ: Уна учи во најскапата гимназија, возач ја вози на училиште, руча и спие во најлуксузни ресторани и хотели и има момче од Германија (ФОТО)

Уна Чолиќ, најстарата ќерка на Здравко Чолиќ, која неодамна славеше полнолетство, ужива да биде препознатлива и ја сака камерата, а Инстаграм на кој е многу активна, донекаде ја задоволи нејзината потреба.

Инаку, Уна учи во најдоброто и најскапо приватно средно училиште во Белград, каде моментно е ученичка во последната, четврта година. Еден од нејзините најдобри пријатели од училиште е синот на пејачот Бобан Рајовиќ, младиот фудбалер Андреј. Пред да се запише во ова средното училиште на Кошутњак, Уна звршила во истиот образовен центар и основно училиште, во кое во моментов учи и помладата ќерка на Здравко, Лара.

„За основното образование на неговата прва ќерка, Чола искеширал 68.000 евра, додека за школувањето во средното училиште до скоро дал повеќе од 50.000 евра,колку што чини еден стан во предградието на Белград.

Возач Уна секојдневно ја вози до училиштето, а неодамна положила и возечки испит, па сега има дозвола и свој автомобил, за да може да се вози самата“ – вели извор за српски Телеграф, инаку пријател близок до семејството на најголема регионална музичка ѕвезда.

Уна ја сака модата, носи брендирани чевли и торби, како и гардероба која чини многу скапо. Таа често објавува фотографии од ноќниот живот, што, како и нејзините врсници, е нејзината најинтересна активност, но има и чести патувања надвор од Србија, каде што престојува во луксузни хотели.

„Уна е добро дете, добро учи и има добар однос кон родителите. Само е размазена, како и нејзината сестра. Мајка им е целосно посветена на нив и секој нивни чекор. Уна постојано излегува во популарни клубови со врсниците. Таа е омилена во друштвото и има неколку свои најдобри пријатели, кои исто така се од богати семејства.

Тие сакаат да вечераат во најдобрите белградски ресторани со пријателите и семејството. Уна сака шминка и фотографирање, а тато и дозволува и ќе стори сé, зашто  сака неговите ќерки да уживаат во животот и  неговата кариера да не им биде товар“ – ни рече една од пријателките на семејството Чолиќ.

Иако никогаш не објавила фотографии со него, ќерката на Чола не крие дека е во врска со извесен Марко, кој е од богато семејство и живее на релација Германија-Србија.

Фотографиите на Уна со Марко, кој неодамна пристигна од Германија за да го прослави полночетството на Уна,  нејзините пријатели и семејство ги лајкуваа, со назнака дека ја поддржуваат нивната љубов.

To top