Радио Милева
нивното вистинско лице

Сите се божици кога се дотерани, ама вакви, ретко ги гледате: Српските естрадни ѕвезди без шминка (ФОТО)

Сите се божици кога се дотерани, ама вакви, ретко ги гледате: Српските естрадни ѕвезди без шминка (ФОТО)

Познатите естрадни дами секогаш се комплетно средени и дотерани кога е во прашање некое снимање, фотосесија и ТВ настап, но за време на изолацијата решија да се одморат од тешката шминка и луксузните „крпи“, па сето тоа го симнаа од себе.

Многу дами од шоубизнисот решија да го покажат своето вистинско лице, и добија поддршка од обожавателите следбениците кои редовно им пишуваат на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.

Наташа Беквалац

Додека пејачката се занимаваше со Катја која се’ уште е бебе, нема ниту грам шминка на себе, а е облечена во тренерки и маичка.

Анастасија Ражнатовиќ

Ќeрката на Цеца се опушти со пријателите и исто така немаше проблем да покаже колку е природна.

Марина Вишковиќ

Пејачката ја снимиле додека игра и пее во опуштено издание, а Марина снимката ја објави на Инстаграм.

Милица Тодоровиќ

Милица е во изолација со родителите во родната куќа во Крушевац, а редовно се појавува на социјалните мрежи во домашно издание.

Далила Драгојевиќ

Ријалити ѕвездата која е на село со сопругот Дејан, излезе од кујната и покажа дека нема шминка на лицето.

Катарина Грујиќ

Пејачката се снимаше одблизу и покажа дека блеска дури и кога нема ништо на нејзиното лице.

Фото: АТА имиџис/Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева