Популарниот „јутјубер“ Џи- пи, по кој лудуваат тинејџерките, а неодамна заедно со својот другар „Стефонатор“ издадоа книга насловена „Нашиот пат“, сега реши да се проба во музиката.
Овој пат, не се одлучи за дуетско дело, туку соло ја отпеа својата прва песна „Со тебе најдобро е“ за која изработи и видео спот со кој ја зачини приказната на емотивните стихови кој самиот ги напиша.
Песната само половина ден по објавувањето има 70 илјади прегледи на неговиот јутјуб канал, а веруваме дека на тинејџерките веќе им е хит. Но за кого како…
Поп пејачот Александар Тарабунов не можеше да го прмолчи обидот на Џи-пи да заплови во музичките води, па на својот Инсатграм објави парче од спотот и песната, а за истата напиша коментар:
-Немам ништо лично против никој, али видоа ајде се враќа музичката сцена во Македонија и сите сакаат пејачи и пејачи да бидат, правете го тоа за што сте родени и вистински талентирани, ова звучи лошо!- пишува Тарабунов и додава „Леле, што ли се случува“, како и иконка од лик кој си ги покрива очите, ушите и устата.
Пораката на Тарабунов беше јасна, но веруваме дека на тинејџерките обожавателки на Џи- пи, овој коментар на Тара нема да им се допадне.
А дали јутјуберот и пејач во обид ќе му возврати на Александар Тарабунов, и ќе го смести во некое од своите видеа на Јутјуб каналот, останува да видиме…