Ѓорѓе Давид на вчерашното снимање на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во несекојдневно издание поради што сите погледи беа свртени кон него.
Иако сме навкикнати членовите на жирито, особено Јелена Карлеуша и Ѓорѓе Давид да експериментираат со својот изглед, овој пат рокерот со својата појава ги изненади сите.
Имено, целото лице на пејач било обоено, а неговите колеги се пошегувале дека тој повеќе има шминка отколки дамите во жирито.
Лицето на Давид било обоено со бела боја, едната веѓа му била нагласена со црна, како и пределот под окото, додека на другото око го имал знакот „каро“.
Го бојадисал лицето, баш како што тоа го прават членовите на култната рок група „Кисс“, на кои ист им е принципот, само со ѕвезда – заштитниот знак по кој се познати, освен секако, покрај својата музика.