Радио Милева зад камери

Сите „пикантерии“ од снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: Еве како се однесува жирито кога ќе се исклучат камерите

Сите „пикантерии“ од снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: Еве како се однесува жирито кога ќе се исклучат камерите

Натпреварувачкото шоу „Ѕвездите на Гранд“  има и друга страна која гледачите не може да ја видат кога ќе се исклучат камерите.

Извор кој е дел од продукцијата откри пикантерии од музичкото шоу, од тоа кој е најгласен во бекстејџ, кој има посебни желби, но и со кој член од жирито најмалку комуницираат.

-Прв на снимањето секогаш доаѓа Саша Поповиќ кој со луѓето од режија и продукцијата проверува дали е како што треба. Се случува во една недела да снимаат по три емисии. Вики и Сања Кужет речиси секогаш без шминка доаѓаат на снимање, па неколку часа пред снимање седат и се шминкаат. Сања секогаш е весела и расположена, вели изворот за блиц.рс

-Најмалку подготовка и треба на Марија Шерифовиќ на која „мејк ап“ артистите само и го тапкаат лицето. Личност која најмногу го користи телефонот на снимањето е Вики. Таа се труди да научи да игра како Сања Кужет, често знае да танцува, но според многумина Сања многу подобро танцува од неа“, вели изворот.

Од друга страна, членови на жирито кој најмногу водат грижа за здравјето се Ѓорѓе Давид и Драган Стојковиќ Босанац.

-Босанац најмногу се плаши од корона и цело време прска се околу себе. Тој побара од Саша Поповиќ да му стави параван меѓу него и останатите членови на жирито. За време на паузите носи по две маски. Ѓорѓе Давид пред камери ги сечеше ноктите, но она што е интересно е што тој ги мие забите пред почетокот на секое снимање. Кога ќе заврши снимањето бара од шминкерите да му ја тргнат шминката и става хидрантна крема, вели изворот.

-Цеца откако дојде во жирито стана миленичка на Саша Поповиќ и тој не се разделува од неа. Заедно ручаат, дискутираат на разни теми. Публиката често ја пречекува со аплауз, играчки кои таа ги носи на внукот Жељко. Инаку, Цеца секогаш последна доаѓа на снимање, вели изворот.

-Ана Бекута ја довезува нејзиниот внук Бранко. Најважна и е нејзината фризура, па често на паузите од нејзиниот фризер бара да провери дали се е океј со нејзината коса. На Снежана и е важно дали има добра фотографија. Се друго не и е толку важно.

-Зад сцената има голем бекстејџ каде на паузите за членовите на жирито има посебен кетеринг. Пред снимањето, секој од нив им кажува на организаторите што сака да јаде, па тие ќе им порачат од некој ресторан. Марија на паузите често знае да се шегува, посебно на сметка на Вики Миљковиќ која и е омилен член од жирито. Мили е најтивок затоа што членовите на жирито најмалку разговараат со него, вели еден од продуцентите.

фото: ана паунковиќ/немања николиќ/дамир дервишагиќ/инстаграм/зорана јевтиќ/ата имагес/

To top