Водителката Миа Костова може да ја гледаме на ТВ екраните во емисијата „Бекстејџ“ каде што редовно информира за забавните случувања.
А за да изгледа убаво, водителката се грижи за својот физички изглед, па често оди на разни третмани за разубавување, а еден од нив е боцкањето.
Така пред некој ден водителката на својот Инстаграм во кратките приказни кои траат 24 часа, сподели фотографија на која во описот напиша „Сликава е одговор на прашањето зошто се боцкаш, млада си“.
Истата оваа фотографија, се најде на Твитер, каде што твитерџиите ја искоментираа.
„Исто така, на сликава се гледа дека со боцкањето не стануваш поубава, туку напротив, ама очигледно сите околу тебе те лажат“.
Бидејќи живееме во 21 век, се почесто се застапени разновидните третамни, но и пластични операции каде што незадоволните жени одат да поправат она што не им се допаѓа.