Радио Милева на зимски распуст

Сите на планина: Уживање на снег за сите пари – познатите Македонци фатија правец, Маврово, Банско, Копаоник… (фото)

Сите на планина: Уживање на снег за сите пари – познатите Македонци фатија правец, Маврово, Банско, Копаоник…  (фото)

Празничните слободни денови за некои се уште траат, па се споија и со зимскиот распуст на децата.

Па така, периодот е совршен за првото зимување на планина во Новата 2023 година. Иако во Македонија се уште не паднал снег, а на планините го има многу малку и  неодволно, за скијање и разни активности на снег, надвор од границите на ски -центрите како Банско или Копаоник, услови за зимување секогаш има со вештачки снег за оние што скијаат.

Уживањето на планина за хедонистите секогаш е добро и знаат да си го направат меракот, дали на снег или на топло во хотелските спа- центри.  Изборот на дестинации падна од Маврово, па се до Алпите во Швајцарија.

Фолк пејачката Сузана Гавазова заедно со сопругот и ќерките се одмораше на Банско неколку дена, за вечерва да се врати повторно на настап заедно со „Балкан бенд“ на Стара Нова во Струмица.

Нејзината колешка Сани си остана во спа-хотелот на Алпите заедно со новопечениот сопруг Никола каде сенг не им недостасува, а секако и многу топлина и љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Ристе Ристески е љубител на скијањето, па затоа тој го избра Копаоник каде ужива на ски-патеките од каде прати фото поздрав.

Викторија Лоба ја избра истата дестинација каде  ужива заедно со сопругот, на скијање, па во ресторан со убава храна, покрај камин и топол оган… Уживање за сите сетила.

Тамара Тодевска и нејзината пријателка, манекенката Катарина Ивановска се во Маврово и тоа со децата каде се посветени на сите активности на снегот што малку го има, а во него уживаат и се радуваат нивните најсакани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Истата дестинација на домашен терен ја избра и Андријана Јаневска која за спомен на Инстаграм се фотографираше со природните македонски убавини од Маврово.

Елена Стефановска многу често е во викендичката која ја имаат на Маврово, но деновиве се присетиу или повторно посака да ужива на планина во Австрија каде пред неколку години уживаше во топол базен на отворено.

Веруваме дека познатите Македонци ќе бидат инспирација за да се направи план за одмор на планина, ако не и само на прошетка за еден ден на чист воздух од она најубавото на наша терирорија.

фото:Инстаграм принтскрин

To top