Милан Топалковиќ Топалко веќе две децении ужива во бракот со сопругата Весна со која ја има ќерката Хелена.
Иако не сака многу да зборува за својот приватен живот, неодамна откри како ја запознал сопругата, но и откри дека го оставила порад колега од бендот.
„Јас имав 19 години. Бендот чиј член беше и Весна ме покани да одиме во Никшиќ и да пеам заедно со нив. Во тоа време беше ризично да се оди таму. Претепаа еден пејач, а јас прифатив само под услов ако ми платат“ се сеќава Топалко и додава:
„Кога ја запознав ми изгледаше затворена за луѓе кои првпат ги гледа. Посебно кон мене. Седевме заедно, ниту сакаше да зборува со мене, ниту да ме погледне, ништо“.
Топалко морал да докаже дека е нормално момче, но да и покаже дека има симпатии кон неа. Од друга страна, колегите од бендот се однесувале заштитнички со Весна, па не ја пуштиле ниту во еден момент.
„Таа не сакаше бендот да знае, а тие беа упорни секоја вечер да ја испраќаат до собата. Се гледавме преку ден, а кога започнавме да се забавуваме, на колеги не им беше сеедно“, раскажува Топалко.
Како што истакнува момците ја убедувале Весна да не се гледа со Топалко, а потоа тие не се слушнале пола година. На следната средба се договориле да работат заедно, а оттогаш се неразделни.