Радио Милева
„плукнат“ на татко му...

Сите го знаеме шеф Марк од „Брза кујна“, а вака изгледа неговиот син (фото)

Сите го знаеме шеф Марк од „Брза кујна“, а вака изгледа неговиот син (фото)

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“  на Сител телевизија каде што шеф Марк со својот тим и шеф Никола со својот тим подготвуваат разни специјалитети.

Со намирници донесени од страна на учесниците, Марк и Никола за краток период знаат да подготват разни видови на јадења.

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

Марк де Јонг  пред неколку години се преселил во Македонија за да го исполни аманетот  од баба му која пред да почине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.

По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот. Марк е одличен готвач и знае да прави вистински македонски  специјалитети.

Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк неодамна стапи во граѓански  брак со неговата избраничка, сега сопурга Василка, но популарниот готвач веќе има две деца – ќерка и син кои се возрасни и не живеат во Македонија.

Тој на социјалните мрежи знае често да објави фотографии од тоа како готви или од некој специјалитет, меѓутоа,  сега Марк објави фотографија со неговиот син.

Вака изгледа Микаел (Мики), синот на Марк кој живее во Белгија, за кого многумина велат дека е “плукнат“ во ликот на татко му…! Марк во помлади денови или негова „копи-пејст“ верзија.

Вие погледнете ги убаво таткото и синот, па проценете самите дали Де Јонг јуниор личи на Де Јонг сениор?

Фото: facebook/marc de jong/mickaeldejongh

Останати вести од Радио Милева