Радио Милева

Сите го знаеме шеф Марк од „Брза кујна“, а вака изгледа неговата ќерка (фото)

Сите го знаеме шеф Марк од „Брза кујна“, а вака изгледа неговата ќерка (фото)

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ каде што врвните готвачи подготвуваат најразни специјалитети.

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

фото: фејсбук

Марк де Јонг  пред неколку години се преселил во Македонија за да го исполни аманетот  од баба му која пред да почине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.

„Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан„…, раскажува Марк за Сител.

Марк е во брак со Василка со која има две деца, односно син и ќерка. Тие не живеат во Македонија, но ја користат секоја прилика кога ќе можат да ги посетат родителите и да поминат некое време заедно.

фото: фејсбук

фото: фејсбук

Децата на Марк од „Брза кујна“ живеат во Белгија, а Марк во една прилика изјави дека во неговиот ресторан во Белгија на луѓето им кажувал колку е горд на неговото македонско потекло.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/site-go-znaeme-shef-mark-od-brza-kujna-a-vaka-izgleda-negoviot-sin-foto/

Останати вести од Радио Милева