Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ја отпеа песната „За крај“, и веќе им влезе во срцата на слушателите.
Станува збор за насловната песна за филмот за ликот и делото на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, со кој Цеца имаше добри и блиски односи, па не чуди што довербата отиде кај неа.
За овој маестрален настап на Цеца и честитаа бројни колеги, меѓу кои и Адил Максутовиќ.
Заедно со фотографиите на Џеј, Адил ја означи Цеца и стави круна над нејзиното име, што јасно го покажува неговото мислење. Ражнатовиќ ја сподели објавата на Адил на својот Инстаграм.
Да потсетиме, Адил Максутовиќ е оженет со ќерката на Џеј, Ана и имаат два сина. Џеј и Адил не разговараа со години, откако Максутовиќ наводно ги претепал ќерката на Џеј и неговата сопруга во 2013 година. По смртта на неговиот свекор, Адил чекал 3 дена, а потоа јавно се простил.
– Стари мој, ти беше најмузичкиот човек што го познавав… Пејач со најмногу душа… Знаеше да оживееш текст подобро од сите нас… Ја имав привилегијата да те слушам во живо безброј пати… кога беше во добра здравствена состојба можеше да отпееш се што ќе посакаше.
Фото: printskrin/isnatgram/cecaraznatovic