Радио Милева скриена порака

Сите чекаа да слушнат што има Шакира да каже во новата песна која за неколку часа брои милионски прегледи (видео)

Сите чекаа да слушнат што има Шакира да каже во новата песна која за неколку часа брои милионски прегледи (видео)

Шакира денеска објави нова дуетска песна со која се чини дека повторно го прозва поранешниот партнер Жерар Пике.

Разделбата со Пике и случувањата меѓу нив и донесе милионски прегледи и невиден успех на новите песни.

Откако настана вистински бум со песната „BZRP Music Sessions #53“, светските медиуми и корисниците на социјалните мрежи кои ја следат драмата Шакира-Пике, повторно најдоа скриена порака во новата песна на пејачката.

-„Бејби, што е? Мислев дека си заљубен? Зошто се уште ме бараш? Знаеш дека не повторувам грешки. Кажи и на новата девојка дека јас не се натпреварувам за маж“, се само дел од стиховите во најновата песна на Колумбијката, а кои многумина сметаат дека повторно се однесуваат за Пике.

По три часа откако е објавена песната, веќе брои близу три милиони прегледи.

фото:Јтјуб принтскрин

To top