Пејачот Дарко Лазиќ пред неколку дена стана татко на својот син Алексиј.
Марина и Алексиј беа задржени неколку дена во болница, а во саботата излегоа од породилиште.
Имено, бебето на Дарко завршило на инфузија и поради тоа пејачот бил многу вонзимерен, а уште повеќе се вознемирил кога не му дозволиле да го гледа синот.
„Не знаев што ќе правам со себе. Дојдов во породилиштето и не ми даваат да го видим синот и уште ми кажуваат дека е на инфузија. Многу се исплашив. Но, не беше опасно. Марина е многу ситна и слаба, па бебето се мачеше во текот на породувањето. Затоа мораше на инфузија и тоа многу ме исплаши. Умрев од страв. Алексиј е малку покрупен, тежок е 3700. Се плашев да нема некоја бактерија, но за среќа се е во најдобар ред“ вели фолекрот за Скандал и додава:
„Во семејството сите сме пресреќни. И јас секој ден сум подобро, единствено што ме мачат се килограмите, морам да внимавам околу тоа“ вели Лазиќ.
За потсетување, на Дарко ова му е вотор дете, од првиот брак ја има ќерката Лорена.