Радио Милева син на мајка...

Синот од неа ја наследил убавината: Свекрвата на Цеца е вистинска дама (ФОТО)

Синот од неа ја наследил убавината: Свекрвата на Цеца е вистинска дама (ФОТО)

Иако е веќе една година  во фокусот на вниманието на јавноста, Богдан Срејовиќ љубоморно го чува приватниот живот за себе.

Медиумите секојдневно пишуваат за него поради неговата емотивна врска со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, но Богдан досега не даал интервју, не се појавил пред камеритево ниту една ТВ емисија, а не е особено активен дури ниту на социјалните мрежи.


Сепак, Срејовиќ  направи исклучок и ѝ го честиташе роденденот на неговата мајка, а по тој повод сите кои го следат на Инстаграм можеа да видат како таа изгледа.

На фотографијата таа е сликана со нејзината внука, а Богдан покрај честитката напишал:

„Едната ми подари живот, другата му даде смисол“!

Судејќи според прикажаното, тој  од неа ја наследил убавината, зашто неговата мајка освен што е убава жена, изгледа и како вистинска дама.

Фото: Инстаграм принтскрин/bogdansrejovic

To top