Радио Милева мајкин син

Синот на Весна и Ѓоле Ѓогани израсна во вистински убавец: Адријано е фраер по кој девојките лудуваат (ФОТО)

Синот на Весна и Ѓоле Ѓогани израсна во вистински убавец: Адријано е фраер по кој девојките лудуваат (ФОТО)

Адријано Ѓогани е синот на Весна и Ѓоле Ѓогани кој не сака многу да се експонира на социјалните мрежи, па за таа задача е задолжена гордата мама Весна. Секогаш кога Весна и Ѓоле  ќе го покажат својот наследник, на социјалните мрежи се случува вистински бум, кој се повторува.

Така, Весна и овој пат објави семејни слики од еден ресторан, а тие секако завршија на мрежата Х. Припадничките на понежниот пол воопшто не останаа рамнодушни, а забележуваат дека Адријано прераснува во многу згоден тип. Последен пат го видовмекога со семејството го прослави својот 17 роденден во Будва.

„Го љуби мајка! Моето најубаво око! Се мое прво“, напиша Весна покрај роденденската фотографија со синот.

 

Да потсетиме, Весна Ѓогани своевремено призна дека поради синот морала да побара стручна помош.

„Како што Адријано старееше, не можев да се носам со неговиот темперамент, тој не ме слушаше и мислеше дека знае сè подобро. Затоа се обратив до стручно лице за помош и научив да му пристапувам на моето дете поинаку за да најдеме заеднички јазик. Ѓоле беше поразличен од мене во овој поглед, знаеше да повлече линија и да биде строг кога треба, но и попустлив во иста мерка“ – раскажа своевремено Весна.

Фото: Инстаграм/djoganivesna

To top