Мегафон Причината непозната

Синот на Тина Тарнер изврши самоубиство!

Синот на Тина Тарнер изврши самоубиство!

Крег Тарнер (59) е пронајден мртов во својот стан во Калифонија, а обдукцијата покажала дека си пукал во главата од сачмарка.

Тина имаше само 18 години кога го роди Рејмонд, чиј татко е саксофонистот Рејмонд Хил. Кога пејачката во 1962 година се мажи за Ајк Тарнер, тој го посвојува Крег како свој син.

Тина во 2013 се откажа од американското државјанство и замина да живее во Европа со сопругот Ервин Бах. Веста за смртта ја дочека во Берлин, каде присуствуваше на модната недела.

Тина порано зборуваше дека злоставувањето кое го доживеала од Ајк, многу се одразило на растењето на Крег.

Се уште не е познато која е причината поради која Крег си го одзема животот.

To top