Сара ЏесикаПаркер, која се прослави со улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, има три деца со сопругот Метју Бродерик, а најстариот син Џејмс кој наполни 18 години.
На социјалните мрежи, гордата мајка на емотивен начин му го честиташе влегувањето во светот на возрасните – со заеднички фотографии и емотивни зборови.
View this post on Instagram
– Се восхитувам на годините што поминаа, а истовремено и на тоа во какво младо момче порасна. Додека чекориш во иднината, јас останувам твој привилегиран набљудувач со нетрпение очекувајќи ги годините што доаѓаат. Му посакувам среќен роденден на мојот син, кој може да гласа за прв пат. Те сакам. Мама – напиша, славната актерка во емотивен пост на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Сара и Метју добија син во 2002 година, а имаат и единаесетгодишни близначки Марион Лорет и Табита Хоџ, родени од сурогат мајка.