Радио Милева страотна глетка

Синот на пејачката Сузи Анѓелковиќ загинал во сообраќајна несреќа: Осамна стравично видео од фаталниот моментот на несреќата (ВИДЕО)

Синот на пејачката Сузи Анѓелковиќ загинал во сообраќајна несреќа: Осамна стравично видео од фаталниот моментот на несреќата (ВИДЕО)

Веста за смртта на синот на фолк пејачката Сузи Анѓелковиќ, Робертино Илиевски го потресе регионот, најмногу Македонија и југот на Србија од каде е родум и каде пејачката често настапуваше.

Младиот Робертино Илиевски (24), кој е роден во Македонија удрил со автомобилот  во дрво покрај улицата во Власотинце, а починал во Клиничкиот центар во Ниш.

„Донесен е интубиран со едвај мерливи витални параметри и со многу тешки повреди, едноставно не можеше да се спаси“ – изјавил соговорникот од клиничкиот центар и додал:

„Младото момче се здобило со тешки повреди на главата и градниот кош, но имал и други повреди. Тој бил реанимиран 45 минути, но, за жал, и покрај сите напори на лекарите, починал околу 23.45 часот.
Очевидци на оваа страшна несреќа велат дека ударот бил страшен.

„Слушнавме силен тресок и кога излеговме од куќата, го видовме автомобилот скршен на половина и забиен во дрвото однапред. Веднаш повикавме брза помош и полиција.

Глетката била ужасна, крв насекаде на автомобилот и на патот“ – велат очевидците, а на социјалните мрежи осамна и видео од фаталниот момент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Инаку Робертино живеел во Власотинце, а неговите пријатели откако дознале за несреќата и згаснувањето на неговиот млад живот,  се неутешни и се збогуваат со него на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/192-рс/Robertino Ilievski

To top