Синот на Памела Андерсон, Брендом Томас Ли (23) вели дека е многу среќен поради тајната венчавка на неговата мајка Памела и продуцентот Џон Питерс (74).
Само неколку часа откако е откриено дека Памела тајно се омажила, нејзиниот син даде изјава за странските медиуми.
„Многу сум среќен поради мојата мајка и Џон“ вели прокоментира Брендом и додава:
„Тие се познаваат повеќе од 35 години и им посакувам среќа во новото поглавје од животот. Многу сум среќен што подобро ќе го запознам семејството на Џон“ вели синот на Памела.
За потсетување, ова е петти брак на Памела, а таа со првиот сопруг доби две деца. За него се омажи во 1995 година иако се познаваа помалку од една недела, а нивниот прв син Брендом се роди во 1996 година.
Другиот син Далин Џегар Ли е роден во 1997 година.
Питерс и Андерсон се забавуваа пред 30 години, но својата врска ја обновија во последните месеци.