Најпознатиот регионален текстописец Марина Туцаковиќ, по борбата со опасната болест почина на 19 септември.
Како што пишуваа српските медиуми, Марина наводно оставила тетратка во која било запишано се, односно кој купил песна од неа, кој плаќал на рати, а кој воопшто не платил.
По тој повод сега се огласи и нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ.
Имено, тој на својот Твитер одговори на еден корисник и напиша:
„Јас ќе борам против заборавот, она што на нашите простори е како казна за оние по „кои ништо нема да се препознатливи“. Во превод – паметете ја по нејзините песни“.
Потсетуваме, Марина Туцаковиќ неколку години водеше битка со опасната болест. Нејзината здравствена состојба се влоши кога беше позитивна на коронавирус, заврши на респирарот и ја изгуби битката со болеста.
Текстописецот беше погребена по 10 дена од нејзината смрт бидејќи и нејзиниот сопруг беше позитивен на Ковид 19, па чекаа да излезе од изолација и да ја испрати својата сопруга во вечниот дом.