Синот на пејачката Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, сака да експериментира со својот изглед. Тој ослабел дури 50 килограми, а сега промени и нешто друго.
Овој пат Виктор го променил имиџот така што ја обоил косата, а фотографијата која ја објави на Инстаграм доби многу позитивни коментари.
Многумина неговите физички промени ги поврзуваат со неодамнешното раскинување со шминкерката Сандра Миљаковиќ.
Оттогаш, синот на Брена се поврзува со многу девојки, меѓу кои и актерката Милица Томашевиќ.
View this post on Instagram
“Како би било да ја обоиш и брадата ? Би било кул”, “Оваа фризура навистина ти стои добро”, се дел од коментарите под фотографијата.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/viktorernest