Најмладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ планира наскоро да се реализира во улогата на родител.
Тој се надева дека следната година со девојката ќе запливаат во брачните води, а пред се им е важно да станат родители, пишува курир.рс
Наследникот на фолк ѕвездата не сака многу да го експонира својот приватен живот. Меѓутоа, пред неколку месеци, на крштевката на малиот Александар ја претстави својата нова девојка.
Извор за курир.рс тврди дека Виктор и Сандра одлично се согласуваат и дека планираат заедничка иднина.
Наводно, тие планираат да се иселат и да започнат заедно да живеат. Исто така, соговорникот вели дека сака да поработат на случајот бебе бидејќи имаат голема желба да имаат дете.
Бидејќи се една година заедно, се согласуваат и убаво функционираат, мислат дека не треба да губат време.
Меѓутоа, нивните родители не се многу воодушевени од ова идеја. Иако Сандра им се допадна на Брена и Боба тие мислат дека се премлади за брак и деца.
Инаку, неодамна Виктор изјави дека следната година планира свадба со Сандра.