Синот на Илон Маск, Ксавиер (18) поднел барање за официјална промена на полот и името во личните документи за да се дистанцира од својот познат, многу богат татко.
Осумнаесетгодишниот Ксавиер Маск сака да биде Вивиен Џена Вилсон, со што ќе го одбие презимето на татко му и ќе го земе презимето на неговата мајка. Во кратката изјава тој кажа дека го менува своето име за „никогаш на ниту еден начин да не биде поврзан со својот биолошки татко“.
Мајката на Ксавиер, Џастин и Илон беа во брак од 2000 до 2008 година и првпат добија син во 2002 година, но бебето за жал почина десет дена подоцна од синдром на ненадејна смрт. Потоа ги добија близнаците Ксавиер и Грифин.
Elon Musk’s transgender child, 18, files court docs to change name and gender and distance themselves from him https://t.co/sVcnsvNK4W
— Daily Mail Online (@MailOnline) June 21, 2022
Децата на Илона Маск се кријат од јавноста, па малку се знае за нив, а не се знае дали најбогатиот човек на светот бил упатен во планот на неговиот син да го промени полот и јавно да се откаже од него.
Ксавиер, не го откри мотивот за откажување од татко му но, британските медиуми јавуваат дека ваквата одлука е предизвикана од трансфобичните коментари на Маск кои ги дал во претходните неколку недели.
„Постојано ни кажуваат дека половите не постојат, а од друга страна дека постојат и се толку различни – напиша неодамна Маск на Твитер.
Не е познато ниту дали Маск финансиски им помага на децата кои ги имал со првата сопруга, со помош на богатство проценето на 213 милијарди долари.
Фото:Принтскрин/Профимедиа/Епа