Турската актерка Нургул Јесличај ја запознавме како Јасмин во серијата „Љубов и Казна“, каде беше саканата на богатиот Саваш.
Неколку години подоцна, Нургул ја прифаќа улогата на Ѓулсерен во серијата „Парампарче“ каде е самохрана и сиромашна мајка чие бебе е заменето во болница.
Како главна протагонистка од сценариото, Ѓулсерен многу набрзо стана вистинска миленичка на гледачите ширум Балканот, Русија, Арабија и Скандинавија.
И во приватноста Нургул или Ѓулсерен е атрактивна дама која ја нарекуваат турската Моника Белучи.
Таа од бракот со Чем Озер го има 12 годишниот син Нејат Осман.
Тој многу често во изјава за новинарите знае да каже дека е многу горд на својата мајка.
Превземено од:Курир.мк