По написите за исповедта на пејачот Мухарем Сербезовски дека во младоста бил лудо вљубен во покојната кралица на ромската песна Есма Реџепова, а ни таа не била рамнодушна кон него, но љубовта за која наводно само малкумина знаат, не опстанала заради вообразеноста на Михарем откако слават му удрила в глава, реагираше синот на Есма, музичарот Симеон Атанасов.
Исповед на пејачот: Есма Реџепова и Мухарем Сербезовски биле ромските Ромео и Јулија? (ФОТО)
Како легитимен наследник кој со своите „Еsmas band – next generation“ го продолжува делото на својата мајка, која иако не биолошка, таа него како и многу други деца го одгледала, пораснала, воспитала, научила да биде и како човек и како музичар се’ она што е денес, Симеон за српските и македонските медиуми се огласи и остро ја демантираше изјавата на Сербезовски, за кого вели дека Есма не го поднесувала и тие двајца не биле во добри односи:
„Како дете кое живееше со Есма Реџепова речиси 40 години, и кој знае се’, сакам да демантирам дека мајка ми имала било каква врска со Мухарем Сербезовски. Не знам дали Мухарем дал таква изјава, но знам дека Есма и тој не беа во добри односи бидејќи цел живот Мухарем ги земал турските песни и ги препејувал, додека мајка ми била за пеење чисто ромски песни“ – категорично тврди Симеон и продолжува:
„Јас ја знам целата вистина, а фактите говорат за неа, дека Мухарем тогаш имал 12 години, а Есма 19 години. Зошто девојка која има 19 години и е популарна би се интересирала за дете?! Речиси 40 години од мојот живот поминав со Есма Реџепова, но таа никогаш не спомна такви глупости. Имала еден човек во животот и пред Стево Теодосиевски, но тоа не бил Мухарем Сербезовски. Ова го гарантирам, бидејќи ги знам сите тајни! Не знам од која причина, а и дали воопшто дал таква изјава, но во едно сум сигурен, а тоа е дека воопшто не бил близок со Есма, а да не кажам дека не го поднесуваше. Верувајте, ова е чиста лага“ – дециден е наследникот на кралицата на ромската песна, Симеон Атанасов.
Синот на Есма во носталгија по животот: Симеон Атанасов направи прошетка по спомените (ФОТО)
Да потсетиме, наскоро се навршуваат пет години од смртта на големата пејачка која животот го посвети на музиката и работата, а заедно со сопругот исчува и образуваше 48 посвоени деца.
Фото: Фејсбук принтскрин/Simeon Atanasov