Радио Милева
што ќе каже Марина?

„Синот на Дарко Лазиќ прво што ми кажа е „мамо“: Девојката на пејачот откри нови детали за нивната врска

„Синот на Дарко Лазиќ прво што ми кажа е „мамо“: Девојката на пејачот откри нови детали за нивната врска

Пејачот Дарко Лазиќ  наводно е врска со Барбара Бобак, а неговата поранешна девојка Марина Гагиќ тврди дека не се заедно туку дека само се колеги.

Меѓутоа, Барбара вели дека меѓу неа и Дарко постои нешто повеќе од пријателство.

„Еднаш кога бевме на видео повик, синот на Дарко, Алексиј беше кај него и ја сврте камерата да ме види. Прво што кажа беше: „Мамо“. Дали можеби камерата беше матна или му личам на мајка му, не знам, но јас и Дарко се насмеавме. Прекрасно е синчето, многу е шармантен“, вели Барабара која откри и како се запознале со Лазиќ.

„Јас работев на приватна веселба и ми рекоа дека ќе дојде Дарко, а јас превртев очи. Се случува на свирките познатите да глумат лудило, не комуницираат со нас, а понекогаш ги прозиваат и пејачите. Но затоа имав предрасуди кон Дарко, но дечкото е супер. Позитивен, весел, нема комплекси. Дури ми се приближи, ми кажа дека убаво пејам и ми побара да размениме броеви бидејќи му треба пејачка за приватни веселби. Така се започна“, вели Бобак за „Свет“.

„Ние кратко се знаеме, но на дечкото не можам да му најдам забелешки. Каде и да се појави, ја развеселува просторијата. Работиме иста работа. Засега се е супер, често се гледаме“ вели новата девојка на Дарко и ја прокоментира неговата поранешна свршеница  Марина Гагиќ.

„Ми пратија некои весници во кои наводно таа лошо зборува за мене. Немам што да реагирам, јас ќе ја почитувам бидејќи родила дете на Дарко, а детски ми е да се расправам преку медиуми. Колку што можев да забележам, таа е убава, негувана жена, а не навлегувам во проблемите кои ги имаат. Нема причина да ме мрзи. Ние се запознавме кога веќе беа разделени, ако ја сретнам ќе и пружам рака“, вели Барбара.

фото: принтскрин/инстаграм/дамир дервишагиќ/ марина лопачиќ

Останати вести од Радио Милева