Синот на фолк sвездата Цеце Ражнатовиќ, младиот боксер Вељко, одново е целосно посветен на овој спорт и тренира неколку часа речиси секој ден. Со цел да го врати своето тело во „нормала“ по напорниот тренинг, тој исто така оди, по се изгледас на специјални третмани и масажи.
Вељко на Инстаграм објави шокантна фотографија каде се гледа неговиот грб кој целиот е покриен со црвени дамки.
„Тинејџерски мутант на нинџа желка“ – напишал на шега младиот боксер покрај фотографијата.
Се чини дека причината е од здравствена природа. Наводно, Вељко по тренингот бил подложен на таканаречена масажа со вакумски чаши. Оваа масажа се прави со поставување чаши за вшмукување (вакумски чаши) на телото на пациентот, кое претходно ќе биде измачкано со масло. Вакумот се создава со помош на апарат. Се смета дека ова ги отвора порите, ги шири крвните садови, крвари третираната област, ги распаѓа блокадите на циркулацијата и со тоа се исфрлаат токсините. После терапијата, остануваат темни траги во вид на црвени печати на местата каде што биле ставени чашките, но тие исчезнуваат по неколку дена.