По раскинувањето со Хана Крос, Бруклин Бекам наводно има нова девојка. Станува збор за пет години постара актерка Фиби Торенс.
Бруклин кој се занимава со уметничка фотографија и студира во Њујорк уживал неколку дена со познатата бринета за која велат дека е двојничка на Викторија.
Пријателите се шегуваат дека новата девојка на Фиби изгледа исто како и неговата мајка Викторија Бекам.
Фиби на своите пријатели им раскажа дека кога работела како двојничка на Викторија заработила доволно за факултет.
„Не ни сонуваше дека еден ден ќе го запознае својот идол“ вели извор близок на Фиби.
Фиби е ќерка на поранешниот играч на тенис Сема Торенс. На почетокот работела како модел, а глумела и во филмот „Mandy the Doll’.
Во текот на летото, Бруклин раскина со неговата девојка Хана, за која исто така велат дека изгледа како неговата мајка.
Парот беше во врска девет месеци, но често се караа, па дури и во јавност. За нивната врска пријателите велеа дека е токсична.