Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатиот пејач Аки Рахимовски, допатува во Македонија. Штом стапна на скопскиот аеродром како што самиот рече, пристигнал во земјата на неговото потекло, во татковината на неговиот татко, Аки: „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“!
Дојде за да ја посети неговата тешко болна баба, за која неговиот татко Аки толку се грижеше до последниот ден од својот живот, но и да го запознае поблиското и пошироко семејство, Скопје и Македонија, во кои неговиот татко израсна и ја започна својата музичка афирмација, се’ додека подоцна не се вивна високо во естрадните височини во Загреб станувајчи познат, признат, ценет, сакан и популарен целиот регион на бивша Југославија.
Кристијан вчера, 01 јануари 2022 во Крушево заедно со министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевскаго и крушевскиот градоначалник, Томе Христоски го посети гробот на и спомен куќата на Тоше Проески.
„Со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и синот на покојниот Аки Ракимовски во посета на спомен куќата „Тодор Проески“. Заедно положивме свеќе на гробното место на Тоше и оддадовме почит на големиот пејач, а не изоставивме да поразговараме и за Аки Ракимовски кој го почитуваше нашиот Тоше и постхумно посвети неколку песни“, напиша меѓудругото Христовски на Фејсбук.
Кристијан, кој и самиот музичар, ги запозна министерката и крушевскиот градоначалник со својата професионална кариера, која, како што рече тој, е под силно влијание од неговиот татко.
Во татковината на Аки, Кристијан доаѓа по 35 години, и освен во Крушево, престојува и во Скопје, запознавајќи ги градот и улиците од детството на неговиот татко, како и неговите пријатели.
Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази жалење за смртта на Аки и порача дека тој и неговиот „Парни ваљак“ одамна го пробија патот до незаборавот. Таа додаде дека нашата држава секогаш ќе биде благодарна и ќе ја негува почитта кон неговото дело и кон сето она што тој со својата енергија и полудецениската кариера го направи за промоција на културата на нашата држава и на македонската музика.
„Крушево, 1 февруари 2022 година – Македонија вчера на свој начин му оддаде почит на никогаш непрежалениот „македонски славеј“ – Тоше Проески (кој на 25 јануари ќе го прославеше својот 41 роденден, а почина на 16 октомври. 2007 година). Имено, дојдов на иницијатива и на покана на министерската за култура на Република С. Македонија и градоначалникот на Крушево да ја посетиме спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и таму да запалиме свеќи за никогаш непрежалените (над) национлен музички херој.
Во интимна и многу достоинствена атмосфера, со молитви на гробот на Тоше, заедно се потсетивме на ликот и делата на вистински музички великан од нашите краишта, кого со години и години ќе го славиме и оплакуваме слушајќи и пеејќи ги неговите песни. Овој крајно неочекуван гест на министерот за култура на Македонија – дека по само неколку дена откако се простив во Алејата на великаните во загребски Мирогој и го погребав мојот единствен „татко“ – особено ме трогна веста која ја дознав при посетата: дека веќе постои иницијатива да се именува една улица во Скопје, главниот град на Македонија по името на татко ми.
Затоа, во име на целото семејство Рахимовски, сакам да им се заблагодарам на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и на Република С. Македонија за оваа исклучителна чест“ – напиша на својот инстаграм профил синот на Аки, Кристијан Кики Рахимовски за кого многумина веќе тврдт и очекуваат, дека токму тој ќе го замени неговиот татко на местото пејач во „Парни Ваљак“?!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/kiki_rahimovski/Томе Христоски/Danela Arsovska