Радио Милева
нереално

Синџирчиња околу струкот од брутално добрата линија: Ќерката на Топалко шокира со изгледот на 25 дена по породувањето (фото)

Синџирчиња околу струкот од брутално добрата линија: Ќерката на Топалко шокира со изгледот на 25 дена по породувањето (фото)

Ќерката на фолк пејачот Милан Топаловиќ Топало, Хелена Топаловиќ се породи пред 25 дена и веќе ужива во пливањето во базен.

Имено, Хелена го искористи убавото време и позираше на работ од базенот, а крупниот кадар на нејзините облини и синџирите околу половината оставија многумина без здив.

Рамниот стомак особено се истакна со оглед на тоа што таа се породи пред помалку од еден месец, а коментарите за нејзиниот изглед само постојано доаѓаа.

Да потсетиме, фолкерот Милан Топаловиќ Топалко приреди голема прослава во својот двор по раѓањето на внуката Доминика.

Пејачот на социјалната мрежа Инстаграм сподели неколку фотографии на кои го гледаме многу расположен, а некои ги сподели и неговата наследничка Хелена.

Топалко ги собра семејството и пријателите, а како што откри наследничката на пејачкот, на видеото може да се види таткото на нејзиниот сопруг со кој Топалко пее и игра во дворот.

Прославата продолжи и во текот на вечерта, а фолкерот не ја криеше среќата и цело време играше и пееше со гостите, музичарите и семејството.

фото:Instagram printskrin

Останати вести од Радио Милева