Убавата водителка долго време не споделуваше фотографии од својот избраник на социјалните мрежи.
Една од најубавите водителки Марија Килибарда ретко зборува за својот приватен живот во јавноста, а својот емотивен партнер долго го криеше од очите на јавноста.
Меѓутоа, кога сè стана посериозно и кога сфати дека тој заслужува внимание, реши барем понекогаш да ги сподели со своите следбеници емотивните моменти во кои ужива со Бане Вучелиќ, синот на актерката Љиљана Драгутиновиќ.
Помина долго време откако последен пат имавме можност да ги видиме на Инстаграм, што не значи дека двајцата не уживаат во својата љубов.
Марија сега реши да ни приреди вистинско уживање, па со својот избраник на својот профил сподели не само фотографија, туку и видео на кое никој не остана рамнодушен.
Бане е згоден и шармантен маж, а Марија со својата харизма и убавина одлично се вклопи со него.
Тие заминаа на патување во Белгија каде уживаа во обиколката на Антверпен, каде се фотографираа на главниот плоштад пред прекрасната фонтана Брабо.
Придружниците на нивното патување снимија прекрасен момент додека Бане и Марија шетаат држејќи се за рака, а изгледа дека и на Марија видеото толку многу и се допаднало што решила да го сподели на социјалните мрежи.
фото:Инстаграм/ Марија Килибарда