Радио Милева

Симона Поповска специјализираше на Клиника во Скопје ама се вработи на друго место (фото)

Симона Поповска специјализираше на Клиника во Скопје ама се вработи на друго место (фото)

Поп-пејачката и тазе докторка, охриѓанката Симона Поповска деновиве по радио станиците е актуелна со новата песна насловена „Ти си моја победа“.

Деновиве таа снимаше и видео спот кој наскоро треба да биде финализиран, а атрактивната пејачка постави и неколку фотографии од снимањето на својот Инстаграм профил.

Сепак, покрај музиката Симона има и други работни приоритети.

Откако стана дипломиран медицинар, таа специјализираше на Клиниките во Скопје, но паралелно со тоа реши да си го пополни времето со ново работно место во еден центар за убавина во Скопје каде таа редовно се разубавува.

Дека има нов работен ангажман објави на Инстаграм, облечена во униформа боцкајќи ја клиентката.

To top