Радио Милева Ретка глетка

Симона Поповска со двете синчиња во рацете испрати божиќна честитка (фото)

Симона Поповска со двете синчиња во рацете испрати божиќна честитка (фото)

Симона Поповска на јавноста и е позната како пејачка и докторка за естетски корекции, за разлика од повеќето познати мајки, не практикува да ги експонира јавно своите наследници.

Симона за првпат како мајка се реализираше пред две години во месец мај, а по вторпат пред речиси една година и четири месеци.

Лицата на нејзините синчиња  не ги покажуваше јавно, па дури и кога му славеше роденден на првиот наследник Никола.

Таков е случајот и со второто синче Стефан за кое беше уште попмистериозна што дури ја сокри и бременоста, па кога објави дека станала мајка по вторпат, беше како гром од ведро небо.

Но, сега нештата малку мрднаа од таинственост така што мама реши почестода ги покажува синчињата и тоа овој пат заедно.

Поводот е Божиќ, па мама се дотера во зелено фустане, а тематски празнично ги дотера и наследниците на кои им ги покри лицата со симболи.

2021 и 2022 и ги наполнија рацете на Симона која е благословена со двајца наследници кои и го полнат срцето, 2023-та не беше ништо помалку среќна и радосна, а 2024-та допрва ќе ја полнат со спомени и нови искуства полни љубов!

фото:Инстаграм/Симона Поповска

To top