Радио Милева КАКО ДА НЕ СЕ ПОРОДИЛА

Симона Поповска пред два месеци стана мајка по вторпат, а сега сефте се појави пред камери во ултра кусо фустанче (фото)

Симона Поповска пред два месеци стана мајка по вторпат, а сега сефте се појави пред камери во ултра кусо фустанче (фото)

Пејачката и докторка Симона Поповска пред два месеци ја изненади јавноста со објавата на Инстаграм дека таа и нејзиниот сопруг Крис Поповски станале родители по вторпат.

Таа на свет донесе машко бебе кое го доби името Стефан.

-На 17. 08. Бебме благословени со доаѓањето на Стефан, напиша тогаш Симона, а во прилог беа објавени фотографии од специјалната фотосесија каде таа во последните денови од бременоста позира со нараснатиот труднички стомак, во друштво на сопругот и сама во разни стилски комбинации од кои во преден план е трудничкиот стомак.

Постпартум периодот е вистински предизвик за една жена, бидејќи хормоните лудуваат, а телото и физички трпи доста промени.

На стомакот му треба време да се собере, па жените често знаат да се огледуваат една на друга, особено по бременоста- некои се задоволни, други не, а трети пак се носат со она она што го имаат од мајката природа.

Симона е во групата на последните, односно оние што ја имаат привилегијата од мајката природа, а тоа е инстант враќање на старо.

Симона објави на кусите приказни на Инстаграм дека се решила да и се врати на сцената и тоа во фолк емисијата „Мерак меана“ на телевизија Сител.

Бело фустанче од кое се гледа вита става – рамен стомак, тесен струк, вити нозе… И секако задоволна насмевка, разиграна, распеана.

Веројатно режимот на растење на две деца така брзо ја врати во форма или пак има некоја друга тајна за која можеби ќе открие во некоја следна прилика.

Инаку, Симона кон крајот на месец април го прослави првиот роденден на синчето Никола, што значи дека со сопругот сакале брзо проширување на семејството.

фото:Инстаграм/Симона Поповска/@stankovantonio @studio1eden

To top