После песната на англиски јазик “Feel so good”, атрактивната пејачка и докторка Симона Поповска подготви уште едно музичко изненадување по повод Нова Година и претстојните празници.
Се работи за специјално компонирана новогодишна песна насловена “За Нова Година“.
Песната е на продуцентот и Дј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Придружните вокали ги отпеала Рената Кралевска, а гостин на саксофон Љупчо Џедомирски.
„Драги мои, од срце ви го подаруваме ова музичко парче, сите заедно да ги сплотиме нашите желби, за подобро утре, за година без пандемија и нека биде нов почеток “ЗА НОВА ГОДИНА“ – порачува сексапилната Симона.
Уживајте во празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината со песната на Симона Поповска – „За Нова Година“ .