Изминатиот викенд во германскиот град Ахен се случи концертот насловен „Ромален“ на „Силви Бенд“.
Во време на корона криза Влатко и Силви отпатуваа во Германија каде успеаја во организација на нивната продукција „Сил-Вла“ да го одржат „Ромален“, концерт богат со впечатлива короеографија и песни.
Интересно беше тоа што на сцената Влатко и Силви беа дополнително исполнети затоа што заедно со нив настапи и ќерката Деа Плевнеш.
Деа живее во Холандија каде дипломираше џез тапани, работи и како диџеј, а голема љубов и е јогата и медитацијата. За концертот на кој заедно ги споија своите уметнички души, наследничката на Влатко и Силви се пофали на својот Инсатграм, објавувајќи неколку фотографии.
-Срце полно благодарност што имав можност да создадам магија заердно со моето семејство, напиша Деа во описот на една од фотографиите.
Посебно место на својот Инстаграм и даде на мајка си Силви која ја објави неколкупати облечена во специфичниот костим во кој изгледаше автентично на темата на концертот.
-Мојата мајка е вистинска ромска кралица, горда сум на неа, напиша Деа за мајка си.
Инаку додека траеше карантинот во Македонија, Силви своевремено изјави дека заедно со Деа се посветени на јогата и медитадијата, се разбира со заедничка онлајн дружба на релација Скопје-Амстердам.