Радио Милева изненадија

Силвестер Сталоне сепак не се разведува? Новата романтична фотографија ги збуни сите (фото)

Силвестер Сталоне сепак не се разведува? Новата романтична фотографија ги збуни сите (фото)

Холивудската ѕвезда претходно потврди дека дојде крајот на љубовта со  Џенифер Флавин.

Но, актерот Силвестер Сталоне објави романтична фотографија со сопругата Џенифер Флавин среде вестите за развод.

„Убава“, напиша актерот во описот на фотографијата на која тој и неговата сопруга се држат за рака во романтична прошетка.

На следната фотографија што ја објави Сталоне се сите членови на неговото семејство од пред неколку години и тие се насмеани.

Но, со оглед на тоа што и самиот неодамна потврди дека се разведува од сопругата, со овие фотографии ги збуни следбениците на Инстаграм, па многумина дури помислија дека ја надминале кризата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Гласините за нивната разделба започнаа откако актерот ја избриша сликата на неговата сопруга на неговото рамо,  и над неа го истетовира своето куче, кое се појави со него во филмовите за Роки.

Гласините дополнително ги подгреа тоа што Џенифер повеќе не го следи својот сопруг ниту на Инстаграм, а потоа претставниците на медиумите на актерот остро ги демантираа овие тврдења.

„Тој сакаше да ја освежи тетоважата со ликот на неговата сопруга, но се беше направено лошо, а штетата беше ненадоместлива. Затоа решил да јо покрие со слика на куче. „Господинот Сталоне го сака своето семејство и моментално снимаат заедно реално шоу кое ќе има нскоро премиера“, изјави неговиот тим за странските медиуми.

Минатата недела Џенифер објави и фотографија со неа и ќерките на Сталоне и со описот уште еднаш ги започнаа гласините дека нешто не е во ред меѓу неа и нејзиниот сопруг.

„Овие девојки ми се приоритет. Ништо друго не е важно. Ние четворицата засекогаш“, напиша таа без да го спомене нејзиниот сопруг.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/officialslystallone

To top