Радио Милева

Сигурно се сеќавате на пејачот Питер Андре: Денес има 47 години и изгледа вака (фото)

Сигурно се сеќавате на пејачот Питер Андре: Денес има 47 години и изгледа вака (фото)

Во 90-тите кога „Бекстрит бојс“ беа голема тинејџерска музичка актркција, се појави и пејачот Питер Андре кој тинејџерките исто така многу го сакаа.

Повеќето го паметат по неговото атлетски градено тело и мускулите, бидејќи редовно ги истакнуваше преку откопчаните кошули.

Но, иако од тие времиња поминаа 30 години, денес 47-годишниот Питер сè уште може да се гордее со своите мускули бидејќи изгледа речиси подобро од некогаш. За да се увериме во тоа, доволен е само еден поглед на неговите социјални мрежи каде споделува свои фотографии и мами воздишки кај обожавателките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peter Andre (@peterandre) on

А оние најверните го следеа и неговото реално шоу кое се емитуваше на Јутјуб каналот на магазинот “The Sun” – “Life With The Andres”.

Во еден од исечоците кои ги споделил, Андре позира со голо торзо на кое се истакнуваат неговите мускули. Тие се резултат на редовните тренинзи во теретана, а на исхраната, како што тврди и самиот, и не внимава премногу бидејќи е во толку добра форма што може да јаде што и да посака.

“Не ги преминувам границите, уживам во чоколадите, но сето тоа го трошам на тренинг. Навистина се трудам и правам многу работи кои се спротивни на препораките. Не појадувам, пијам само црно кафе и многу вода”, ја открил пејачот својата тајна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peter Andre (@peterandre) on

Питер Андре е во брак со 30-годишната Емили со којa ја има 6-годишната ќерка Амелија и 3-годишниот син Теодор, а од минатиот брак со британската старлета Кејти Прајс го им 14-годишниот син Јуниор и 12-годишната ќерка Принцес Тиами.

Во музичкиот свет најмногу се прослави со хитот “Mysterious Girl”.

To top