Актуелниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски има убава и голема причина за веселба и славење. Имено, семејството на Мики стана поголемо, а тој доби важна животна улога, стана чичко на внуче од неговиот брат.
За убавата вест Секлуловски се пофали на кусите приказни на социјалните мрежи, каде и самиот им честиташе на тазе родителите кои го добија најубавиот дар од Бога. Секуловски станаа побројни, чичо пресреќен, а се разбира и баба и дедо.
Ова е една од најубавите причини за веселба и забава во домот на Секуловски, а за пеењето се знае кој би бил задолжен ако не Мики.
View this post on Instagram
За потсетување, Мики Секуловски е еден од најпофалените кандидати од актуелната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, негов ментор е Цеца која неодамна му понуди и да запее на нејзин концерт.
Честитки за чичо, нека е здраво и живо внучето!
фото: Facebook/ Miki Sekulovski/ Instagram printscreen/ mikisekulovski