Радио Милева
трета среќа

Штркот секоја година е кај нив: Маријан Стојаноски чека трето дете (фото)

Штркот секоја година е кај нив: Маријан Стојаноски чека трето дете (фото)

Македонскиот поп пејач Маријан Стојаноски на големо е посветен на проширување на семејството.

Сега Маријан ќе стане татко по третпат.

Имено, пејачот кој веќе има син и ќерка со нетрпение го чека третото дете.

Неговата сопруга Наташа е во поодмината бременост и наскоро треба да се породи, а во едно интервју пејачот обзнани дека полот на бебето воопшто не им е важен.

– Наташа е во 8-от месец од бременоста. За полот не прашуваме, што даде Бог, тоа. Само да сме живи и здрави.

– Ние сме веќе подготвени и го чекаме бебето“.

Стојаноски во јули 2020 година стана татко на женско бебе и за првпат се резлизираа како родители со неговата сопруга Наташа Каранџулоска.

Парот доби ќеркичка за која го одбраа името Вероника. После една година Наташа на свет донесе машко дете, а пејачот објави дека синот ќе се вика Петар.

За третото сѐ уште не го знаат полот па, за името  ќе одлучат штом ќе го видат.

Фото: Принтскрин/Фејзбук/Маријан Стојаноски

 

Останати вести од Радио Милева