Водителката Јована Јеремиќ со новата објава ги загрижи фановите. Таа преку Инстаграм објави дека е на операционата маса и дека докторка и отстранува „нешто“ од главата.
Јована и во оваа ситуација се шегуваше, и истакна дека тоа се рогови, како и дека тоа е вистински доказ дека таа е ѓаволот.
-Значи докторот сега ги вади овие рогови што ги имам во главата, мистеријата е решена. Ги отстрануваме доказите дека сум ѓавол со гостите, што со темите, што со луѓето околу мене. Во моментов ги отстранувам трагите на злосторството – кажа таа.
Да потсетиме, водителката неодамна присувствуваше на еден голем јавен настан, а сите сѐ уште зборуваат за нејзиниот провокативен стајлинг.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јована Јеремиќ