Откако завршила средно образование, непосредно пред да стане студент, таа го посетила Чиле. Мидлтон учествувала во хуманитарна програма во земјата.
Некое време студирала во Британскиот институт во Фиренца. Високото образование го добива во Универзитетот Сент Ендрјус во градот Пангборн, каде се запознава со тогаш идниот сопруг принцот Вилијам (2001).
Младата Мидлтон дипломира во 2005. година со специјалност „историја на уметноста“. По дипломирањето, Кејт почнала да работи во компанијата на нејзините родители, Керол Голдсмит и Мајкл Мидлтон.
Кејт потоа се преселува во Лондон, каде што работела повремено во скапа продавница за облека. Таму ги организирала испораките на додатоци. Бел Робинсон, основач на продавницата, споделува години подоцна во интервју за британскиот весник „Ивиниг стандард“ дека Кејт била многу зрела и одговорна во однос на обврските, иако во тоа време таа е веќе прогонувана од папараците и новинарите.
– Во паузата за ручек таа доаѓаше во кујната, секогаш правеше друштво на колегите. Разговараше со секого – од возачите кои ги доставуваа стоката, до девојките на касите – раскажува Робинсон.
По некое време, Кејт заминува да работи за себе, и се фокусира на едно од нејзините омилени хобиа – фотографија.
Светот во 2010. година разбира дека Кејт Мидлтон ќе биде член на кралското семејство. Потоа, во едно интервју изјави дека е напната, иако многу ќе работи за да ја претставува монархијата во нејзиното најдобро светло